Охридските кошаркари, денеска, со почеток во 19 часот во Куманово против истоимената екипа ќе го одиграат вториот меч од кошаркарската Супер лига.

Дуелот со Куманово ќе биде трета среќа за кошаркарите на АВ Охрид, кои, во регуларниот дел од сезоната претрпеа два порази.

Натпреварот ќе започне во 19 часот, а преносот во живо на ју-тјуб каналот на Ohrid News пет минути порано.

OhridNews