Ракометниот клуб Охрид на домашен терен со почеток во 19 часот и 30 минути во рамките од шестата рунда во Супер лигата го пречекува составот на Струга во популарното „Езерско“ дерби.

Сите љубители на ракометот и спортот кои нема да бидат во можност да присуствуваат на дербито ќе можат да го проследат во живо на линкот подолу.

Мечот помеѓу Охрид и Струга ќе помине во знакот на хуманоста, бидејќи РК Охрид дел од средствата од билетите ќе ги донира за лекувањето на Сара Настеска, а ќе има и кутии од Црвен крст во кој секој ќе може да донира колку што може и сака.

OhridNews