Ракометарите на Охрид ја оправдаа улогата на фаворит и со 31-16 (18-9) ја совладаа Струга во популарното „Езерско“ дерби кое се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“. Првата пресметка помеѓу Охрид и Струга помина во знакот на „гладијаторите“, кои доминираа од почетокот до крајот на натпреварот.

Избраниците на Раде Стојановиќ го отворија мечот со 2-0, следеше водство од 5-3, а потоа и 6-4. Охрид на крилата од добрата игра во одбрана и ефикасниот напад дојде до 8-5, а разликата одма „скокна“ на плус пет (11-6). Охриѓани продолжија во ист ритам и на истекот од 20-та минута се одлепија на 14-7. До крајот на првиот дел разликата достигна девет погодоци (18-9).

На стартот од вториот дел, Охрид обезбеди двоцифрено водство 20-10. Струга на моменти добро парираше и дојде на 20-13. Охриѓани уфрлија брзина погоре и не само што ја вратија предноста, туку дополнително ја зголемија. На крајот од мечот на семафорот стоеше 31-16.

„Гладијаторите“ во следната шеста рунда силите ќе ги одмерат со РК Јуниор Кисела Вода.

Охрид: Брауновиќ (4 одбрани), Даниловски (12 одбрани), Андоновски 1, Ма. Ивановски 1, Кривокапиќ 2, Блажески 3, Костов, Чагаљ 2, Николов 1, Ми. Ивановски , Соколов 1, Тасески 4, Манасков 3, Ристески 1, Димитриески 3, Тот 8

Струга: Затаркоски (7 одбрани), Јовановски (2 одбрани), Маркоски, Крстаноски 4, Рајатовски 2, Лакичевиќ 2, Јанкуловски 1, Ферукоски, Димитријески 2, Стојаноски, Николиќ, Илиевски, Костоски, Симоноски 3, Новаковиќ 1, Трајковски 1

OhridNews