Охридските ракометари на гостински терен против Бутел Скопје ќе ја започнат втората полусезона во македонската Супер лига. Натпреварот се игра во 19 часот.
Серијата без пораз од 13 натпревари на „гладијаторите“ ќе биде ставена на вистински испит во дербито на колото. „Гладијаторите“ најавија атак на позитивен резултат додека со слични амбиции влегува и домашниот состав. Двете екипи ќе бидат дел од плејофот и денешниот натпревар може да се искористи како меч за дополнително запознавање.
OhridNews