Кошаркарите на АВ Охрид во втората рунда од националниот шампионат ќе го одиграат првиот меч на домашен терен и тоа против составот на Куманово.

Натпреварот во „Билјанини Извори“ кој ќе започне во 18 часот значи повеќе од бодовите кои се добиваат за победа, бидејќи ова е средба на две екипи конкуренти за пласманот во плејофот.

„Галебите“ во втората сезона во елитата почнаа со триумф во Струмица, додека Куманово изгуби од Работнички на домашен терен.

Дуелот започнува во 18 часот, а директниот пренос на Ohrid News десеттина минута порано.

OhridNews