Кошаркарските екипи АВ Охрид и Вардар, денеска, со почеток во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бијат важна битка за бодовите во мечот од деветтата рунда во Првата кошаркарска лига.

„Галебите“ во минатата 8 рунда ја забележаа првата победа и мотивирано најавија атак на првиот триумф пред верната охридска публика. Еднонеделната пауза во елитата, охридските кошаркари максимално ја искористија и се подготвија за дуелот со „црвено црните“.

Покрај мечот во Охрид во 9-та рунда ќе се одиграат натпреварите помеѓу Кожув – Блокотехна, Работнички – Шкупи, Куманово – Фени Индустри и Гостивар – Пелистер.

OhridNews