Кошаркарскиот клуб АВ Охрид се уште нема победа во Првата лига, а вистинска шанса за „кршење“ на мразот „галебите“ ќе имаат на средбата со Шкупи во рамките од 8-та рунда во македонската кошаркарска елита.

Дуелот во спортската сала „Шабан Трстена“ помеѓу двете последнопласирани екипи на табелата ќе започне во 14 часот и ќе означи почеток на возбудувањата од 8-та рунда во Првата лига.

На мечот со Шкупи на клупата од АВ Охрид ќе се врати Петар Чочороски, кој поради болест го пропушти натпреварот со Блокотехна во СРЦ „Билјанини Извори“.

Во преостанатите мечеви од 8-та рунда силите ќе ги одмерат Вардар – Гостивар, Блокотехна – Работнички, Фени Индустри – Кожув, МЗТ Скопје – Куманово.

OhridNews