Кошаркарите на АВ Охрид првата етапа во Првата лига ќе ја завршат денеска со мечот против Карпош Соколи, кој ќе се одигра во малата сала во Кале со почеток во 13 часот.

„Галебите“ имаат шанса која не смеат да ја пропуштат во последната рунда од Првата лига. Победа на денешниот меч со „соколите“ ги води во Супер лигата.

Натпреварот почнува во 13 часот, а видео преносот во живо стартува пет минути порано.

OhridNews