Кошаркарите на Работнички забележаа лесна и убедлива победа над составот на АВ Охрид 97-61 (27-17, 27-23, 22-10, 21-16) во 12-та рунда од Првата кошаркарска лига.
„Црвено белите“ од самиот старт на натпреварот во Градски Парк почнаа со брзо темпо кое им донесе предност 15 поени на истекот од првите десет минути (27-12).
Во вториот период домаќините го зголемија водството за дополните четири поени и на одмор заминаа со (54-34).
Во третата и четвртата четвртина охриѓани имаа свои минути, но Работнички не дозволуваше гостинскиот состав да направи нешто повеќе.
Момците од Градски Парк со триумфот стигнаа до десеттиот вкупно сезонава, додека „галебите“ го претрпеа деветти пораз во елитата.
Во составот на АВ Охрид се истакна Глигоријевиќ со 16 поени, а во домашниот најпрецизен беше Ефремовски со 24 поени.
OhridNews