Во спортската сала Градски Парк во рамките од 12-та рунда во Првата лига силите ќе ги одмерат екипите на Работнички и АВ Охрид.
Натпреварот кој ќе започне во 17 часот ќе биде лекување на раните по поразите кои двете екипи ги претрпа во 11-та рунда од првенството. Охриѓани претрпеа пораз од Струмица на домашен терен, додека Работнички изгуби од Кожув во Гевгелија.
Сите вљубеници на кошарката дуелот од Градски Парк ќе можат да го проследат во живо на Ohrid News. Mечот започнува во 17 часот, а преносот десеттина минути порано.
„Галебите“ во дуелот со Работнички влегуваат од претпоследната позиција, додека домаќините се наоѓаат на високата втор.
OhridNews