Денеска, со почеток во 13 часот во Гевгелија кошаркарите на АВ Охрид ќе го одиграат дуелот со Блокотехна во седмата рунда од Првата кошаркарска лига.

„Галебите“ во дуелот со успешниот дебитант влегуваат со три победи во серија, наспроти противникот кој изгуби од Работнички во дербито минатото коло.

Преносот во живо од салата „НБ Ноел“ во Гевгелија ќе започне пет минути пред стартот во натпреварот кој е закажан за 13 часот.

OhridNews