Кошаркарскиот клуб АВ Охрид, денеска, со гостувањето во Скопје кај актуелниот шампион Работнички ќе ги започнат мечевите од втората полусезона во Првата кошаркарска лига.
„Галебите“ пред средбата во Спортската сала „Градски Парк“ се засилија со српскиот интернационалец Милјан Дрекаловиќ. 202-сантиметри високиот кошаркар ќе го замени Кевин Хил кој замина од охридскиот состав.
Натпреварот во Скопје почнува во 18 часот, а директен пренос од легендарната спортска сала ќе има на линкот подолу.
Во првата полусезона Работнички забележа 10 победи и 1 пораз и заврши во самиот врв, додека охридските кошаркари со скор 3-7 финишираа во долниот дел од табелата.
OhridNews