Кошаркарите на АВ Охрид им се враќаат на обврските во Првата лига, откако паузираа една рунда поради непарниот број на екипи во македонската кошаркарска елита. „Галебите“ во петтата рунда ќе ги одмерат силите со актуелниот вицешампион МЗТ Скопје.
Охридските кошаркари имаа две седмици да се подготват за мечот со „штрковите“ кои играат на два фронта во Првата лига и Втората АБА лига. Охриѓани ќе ја бркаат првата победа, додека МЗТ Скопје со улогата на фаворит ќе влезе во натпреварот.
Мечот започнува во 18 часот.
OhridNews