Кошаркарскиот клуб АВ Охрид натпреварот од 10-та рунда во Првата лига ќе го одигра во Гостивар против истоимениот состав. Мечот во Спортската сала „Младост“ започнува во 18 часот.

„Галебите“ во дуелот со аспирантот за висок пласман влегуваат со две победи во серија, додека составот на Гостивар има пет триумфи по ред. Мечот во Гостивар ќе означи крај на една серија, а која ќе видиме низ директен преност обезбеден од охридскиот клуб и Ohrid News.

Во 10-та рунда покрај мечот Гостивар – АВ Охрид се играат Шкупи – Кожув, Пелистер – МЗТ Скопје, Блокотехна – Куманово односно Вардар – Работнички.

Табела: Блокотехна 17, Работнички 15, Фени Индустри 15, Гостивар 14, МЗТ Скопје 14, Куманово 12, Кожув 11, Вардар 10, АВ Охрид 10, Пелистер 9, Шкупи 7.

OhridNews