Охридските кошаркари со дуел против македонскиот шампион МЗТ Скопје во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го заокружат богатиот спортски викенд во Охрид.
Овој меч е последен за „галебите“ на домашен терен во регуларниот дел од Првата лига и шанса за заверување на пласманот во плејофот.
Директниот пренос на ју-тјуб каналот на Ohrid News ќе започне пет минути пред почетокот на мечот кој е закажан за 17 часот.
OhridNews