Водечката екипа во Првата лига, Работнички е претпоследен ривал на охридските кошаркари на домашен терен во регуларниот дел од македонскиот кошаркарски шампионат.

На „галебите“ не им се потребни посебни мотиви за дуелот со „црвено белите“ кои имаат перфектен скор од 19 победи и ниту еден пораз. Натпреварот почнува во 18 часот, а директниот пренос во живо на Ohrid News пет минути порано. 

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во следната рунда во недела ќе го пречека тимот на МЗТ Скопје. 

OhridNews