Во препоследната рунда од регуларниот дел во кошаркарската Супер лигата, екипата на АВ Охрид на домашен терен ќе го пречека составот на Гостивар.
„Галебите“ немаат шанси за пласман во Супер лигата, додека гостиварчани го обезбедија учеството таму. Охриѓани, сепак, имаат обврска да одиграат добар натпревар и да покажат дека победата во Гостивар во првата полусезона не беше случајна.
Мечот се игра денеска со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.
OhridNews