Кошаркарите на АВ Охрид во 19-та рунда од Првата македонска кошаркарска лига во спортската сала „Младост“ во Гостивар силите ќе ги одмерат со истоимената екипа.

„Галебите“, кои со дуелот во Гостивар го започнуваат пеколниот натпреварувачки ритам во втората половина од март месец ќе атакуваат на победа која ќе им донесе пласман во плејофот.

Гостиварските кошаркари во првата полусезона славеа во Охрид, а избраниците на Петар Чочороски ќе имаат шанса за реванш. Мечот започнува во 18 часот, а преносот во живо десеттина минути порано.

OhridNews