Кошаркарите на АВ Охрид во претпоследната рунда од регуларниот дел во Првата лига на домашен терен го пречекуваат составот на Кожув.
За охридските кошаркари овој меч ќе биде последен на домашен терен пред почетокот на плејаутот и мотивите за победничко простување се големи.
Најчитаниот интернет портал во регионов, Ohrid News ќе врши директен преност на мечот од „Билјанини Извори“ кој ќе започне во 18 часот.
Охриѓани со три победи и девет порази се на седмата позиција на табелата, додека Кожув со скор седум победи и пет порази котира на четвото место во прволигашката конкуренција.
OhridNews