Зимската пауза во Првата кошаркарска лига заврши и возбудувањата се враќаат на терените ширум Македонија. Второпласираниот тим на табелата во кошаркарската елита, Фени Индустри е првиот ривал за охридските кошаркари во Новата 2017 година.


Љубителите на кошарката во живо на Ohrid News ќе можат да го проследат натпреварот од деветтата рунда. Мечот започнува во 18 часот, а преносот во живо ќе стартува десеттина минути порано.


Охридскиот состав по осум одиграни мечеви има две победи и шест порази, додека кавадарчани со седум победи и еден пораз се на вторатата позиција.

OhridNews