Кошаркарите на Фени Индустри ги освоија бодовите во „Билјанини Извори“ победувајќи го АВ Охрид со 83-62 (22-18, 19-9, 16-13, 26-22) во 9-та рунда од Првата лига.
Охридските кошаркари достоен ривал за тимот на Фени Индустри беше само во првата четвртина која ја загуби со 22-18.
Клучните чекори кон победа гостинските кошаркари ги направија во вторите десет минути кои ги добија со десет поени за плус 14 на полувремето (41-27).
Предноста на семафорот Фени Индустри во третиот дел ја зголеми за дополнителни три поени (57-40), а четвртиот го доби со (26-22) за конечни (83-62).
Најпрецизен во охридскиот состав со 16 поени беше Бранко Јанески, додека во гостинскиот тим се истакна Чешковиќ со 19 кошеви.
Во следната 10-та рунда од Првата лига екипата на АВ Охрид гостува во Куманово.
OhridNews