Кошаркарите на АВ Охрид денеска со почеток во 18 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ во рамките од шестата рунда во Првата лига ќе го пречекаат составот на Шкупи.

„Галебите“, според квалитетот, формата и позицијата на табелата се фаворити, но се тоа треба да се преточи во победата која ќе ги зацврсти во горниот дел од табелата.

Вратите се отворени за сите љубители на кошарката и спортот, а преносот во живо на Ohrid News ќе започне пет минути пред 18 часот.

OhridNews