Охридските кошаркари на домашен терен во рамките од 18-та рунда во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија ќе го пречекаат второпласираниот тим на табелата, Блокотехна.

Клубот од Гевгелија ќе биде супер предизвик за охриѓани. Избраниците на Петар Чочороски чекорат по планот во Првата лига, а дуелот со Блокотехна ќе биде вистински испит за амбициите и моменталната форма.

Составот на Блокотехна до сега сезонава два пати славеше над АВ Охрид. Првиот пат гевгеличани подобри беа во првата полусезона на домашен терен, а вториот пат во 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Натпреварот во СРЦ „Билјанини Извори“ започнува во 18 часот, а директниот пренос на јутјуб каналот на Ohrid News пет минути порано.

OhridNews