Кошаркарскиот клуб АВ Охрид на домашен терен со почеток во 18 часот против тимот на Струмица ќе го одигра натпреварот од 11-та рунда во рамките од Првата кошаркарска лига.


Победата на струмичани во првиот дел од сезоната ќе биде мотив плус за охридските кошаркари во вториот натпревар на домашен терен во пролетната полусезона.

Љубителите на кошарката и на спортот воопшто во живо на Ohrid News ќе имаат можност да го проследат натпреварот. Мечот е закажан во 18 часот, а преносонот во живо од Билјанини Извори ќе започне десет минути порано.


На табелата во елитата АВ Охрид со 13 бодови котира едно место повисоко од Струмица која има 12 поени.

OhridNews