Кошаркарскиот клуб АВ Охрид денеска со почеток во 14 часот на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречека составот на Фени Индустри во 17-та рунда од Првата кошаркарска лига.
„Галебите“ засилени со српскиот центар Александар Андрејевиќ ќе атакуваат на победа, додека слични најави има од гостинскиот тим кој е во трка за пласман во Супер лигата. Мечот во спортската сала во Охрид можете да го погледнете бесплатно или пак на преносот во живо.
Во 17-та рунда покрај овој натпревар се играат дуелите помеѓу Работнички – МЗТ Скопје, Вардар – Шкупи, Куманово – Пелистер, Гостивар – Блокотехна.
Водечка екипа на табелата е Блокотехна со 28 бодови на вторатата позиција се наоѓа МЗТ Скопје со ист број на бодови но послаба кош-разлика. Трет на табелата е шампионот Работнички, а потоа следуваат Фени Индустри, Гостивар, Кожув, Куманово, Пелистер, АВ Охрид, Вардар и последнопласираниот Шкупи.
OhridNews