Охридските кошаркари во спортската сала „Кале“ против составот на Вардар ќе го одиграат последниот натпревар во дебитанската сезона во Првата кошаркарска лига.


Натпреварот нема резултатско значење, бидејќи охриѓани имаат обезбедено опстанок во елитата, а „црвено црните“ како последнопласирани во плејаутот ќе се преселат еден ранг подолу.

Без разлика на мечот без натпреварувачки карактер охриѓани посакуваат победа за победнички крај на првата сезона во елитата.


Најчитаниот интернет портал Ohrid News како и сите мечеви сезонава ќе го пренесува натпреварот од „Кале“ во живо кој започнува во 17 часот.

OhridNews