Кошаркарите на АВ Охрид пред своите гледачи во „Билјанини Извори“ во третата рунда од плејаутот во Првата лига ќе го пречекаат составот на Вардар.


„Галебите“ имаат три победи во серија, а позитивна низа треба да продолжи и на дуелот со Вардар. Охриѓани во регуларниот дел од Првата лига два пати беа поуспешни од третиот противник во борбата за опстанок.

Охридскиот стратег Петар Чочороски на располагање ги има сите кошаркари и со најсилното оружје ќе му се спротистави на противникот.

Натпреварот започнува во 18 часот, а директниот пренос на Ohrid News десеттина минути порано.

OhridNews