Екипата на Вардар ги освои бодовите во СРЦ „Билјанини Извори“, но потешко од очекувањата го совлада Охрид, во рамките од втората рунда во плејофот во Супер лигата. Скопските „црвено црни“ славеа со 23-19 (11-10).
„Гладијаторите“ со отворен гард му се спротиставија на Вардар, кој во Охрид допатува како голем фаворит. „Вардарци“ поведоа на стартот од мечот со 0-1, 1-2 и 2-3. Охриѓани со серија од 4-0, не само што поведоа, туку и се одлепија на плус три 6-3. Домашните ракометари уште во два наврати поведоа со три голови 7-4 односно 8-5. „Вардарци“ се стабилизираа, со серија од 4-0 го запреа налетот на Охрид и поведоа со 9-8. До крајот остана плус еден за Вардар (10-11).
На стартот од првото полувреме „вардарци“ успеаја да се одлепат на плус два, но „гладијаторите“ не се предеваа и константо стигнуваа до минус еден. Во 45-та минута, Вардар, направи мини серија кога се одлепи на плус четири (16-20). Во финишот Вардар не дозволи кам бек на Охрид и со 23-19 ја завери втората победа во Супер лигата.
Фантастичен меч на голот на охриѓани во првиот дел имаше Јагош Брауновиќ кој собра 9 успешни интервенции, а натпреварот го заврши со 11. Во листата на стрелци кај Охрид се истакна Денис Тот со седум голови, а по три реализираа Филип Кривокапиќ и Мартин Манасков. Во Вардар човек на одлука беше голманот Марко Кизиќ, кој шест пати интервенираше во второто полувреме. Десното крило Гоце Георгиевски беше најефикасен со 8 голови.
Во следната рунда Охрид гостува во Скопје кај Пролет.
OhridNews