Ракометарите на Пролет ги освоија бодовите во Охрид, совладувајќи ги „гладијаторите“ со минимални 22-21 (8-11), во 10-та рунда од плејофот во Супер лигата. Гостите од Скопје до триумф дојдоа со гол во завршните мигови од натпреварот. Стрелец беше Ласко Андоновски.

Поразот за охриѓани значи крај за амбициите за излез во Европа додека ракометарите на Пролет избиваат во пол позиција во борбата за Бутел Скопје и Металург.

Натпреварот почна жестоко. Пролет подобро отвори во напад и поведе со 2-0. „Гладијаторите“ возвратија со 3-0, за прво водство 3-2. Се играше гол за гол, а Пролет успеа да поведе со 5-4. Охриѓани го вратија водството поведувајќи со 6-5 и 7-6. Пролет изедначи 7-7. Охридските ракометари фуриозно го завршија првиот дел и со серија од 4-1 обезбедија плус три на одморот (11-8).

На стартот од вториот дел охриѓани продолжија со добрата игра, стигнувајќи до плус четири 13-9 и напад, кој не го реализираа. Пролет, пак, со серија од 3-0 намали на 13-12 и комплетно се врати во игра за поволен резултат. Охрид брзо се созеде и го врати водството од 15-12. Пролет повторно се врати, намалувајќи на минус еден 15-14. „Гладијаторите“ додадоа гас и пак стекнаа позитива од три погодоци (17-14). Но место да го финишираат противникот премногу грешаа во напад и не играа најдобро во одбрана, а Пролет сето тоа го искористи да поведе со 18-17. Пролет стигна и до плус три 21-18, но охриѓани со фуриозна игра стигнаа до егал. Пролет во последниот напад погоди и ги зграпчи бодовите во Охрид.

Клучот во победата беше погодок на Ласко Андоновски во последниот напад и голманот Петар Ангелов, кој се разбрани во финишот од натпреварот. Кај охриѓани добар меч имаше Јагош Брауновиќ кој запиша 9 одбрани, а Мартин Манасков постигна осум голови.

Охрид во следната 11-та рунда гостува кај тимот на Металург.

OhridNews