Составот на Охрид им се врати на победите во плејофот од Супер лигата, совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 24-21 (13-9), во дуелот од 12-та рунда.
„Гладијаторите“ третиот триумф во разигрувањето за титулата го забележаа со маестрална игра во втората половина од првиот дел каде успеаја од минус три да се одлепат на плус четири.
Охриѓани не го започнаа најдобро натпреварот, а гостите максимално го искористија се тоа, поведувајќи со 4-1, после осум минути игра. Избраниците на Раде Стојановиќ се консолидираа и почнаа да играат на потребното ниво. Плодот од добрата игра стигна во втората половина од првото полувреме. Охридските ракометари со серија од 4-0 дојдоа до плус два 8-6. Наскоро, Охрид достигна и три погодоци 10-7, а со гол повеќе во финишот обезбедија плус четири на одморот.
Нападот не беше на ниво на почетокот од вториот дел, а гостите овој пат успеаја да стигна до минус еден 17-16. Сепак, охридските ракометари не дозволија да се врати неизвесноста, постигнувајќи два брзи голови за плус три. До крајот на мечот разликата остана иста и Охрид заслужено го освои целиот плен.
Перфектен натпревар имаа охридските голмани Брауновиќ и Даниловски, кои искомбинираа 19 одбрани. Најдобри стрелци беа Мартин Манасков и Никола Ристески со три голови, а три реализираше Кристијан Димитриески. Кај гостите најефикасен беше Јован Талески со четири погодоци.
В сабота, во рамките од 13-та рунда, Охрид, на домашен терен ја пречекува Струга, во популарното „Езерско“ дерби.
OhridNews