Ракометарите на Охрид, денеска, со почеток во 17 часот на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат составот на Пелистер во дерби средбата од 12-та рунда во Супер лигата.

Пресметката во Охрид ќе биде шанса за „гладијаторите“ да го освојат врвот од табелата во Супер лигата. Моменталниот лидер Металург мечот против Пролет од 12-та рунда ќе го одиграат в среда.

Во првиот меч одигран во Битола, Охрид славеше со 25-19, а се очекува исти епилог и на денешниот натпревар.

OhridNews