Охридските кошаркари со денешниот дуел против битолски Пелистер во СРЦ „Младост“ ќе ги финишираат натпреварите во Првата македонска кошаркарска лига.

Во последната рунда од кошаркарската елита охриѓани ќе имаат шанса да им се реваншираат на „пелистерци“ за поразот од првата полусезона во Охрид. Се очекува на теренот да се врати Стефан Младеновиќ кој ги пропушти мечевите со Вардар и Гостивар поради повреда.

Натпреварот во Битола се игра во 20 часот, а директен пренос ќе има на следниов линк.

OhridNews