Кошаркарите на АВ Охрид против екипата на Шкупи на гостински терен ќе ги започнат натпреварите од плејаутот во македонската кошаркарска елита.

„Галебите“ во пресрет на дуелот со последнопласираниот Шкупи се големи фаворити, но таквата улога ќе треба да ја потврдат на теренот. Натпреварот се игра во 11 часот, а преносот во живо ќе започне пет минути порано.

Охридските кошаркари со скор 5-15 се наоѓаат на втората позиција од табелата во плејаутот, а Шкупи е последен без победа со 20 порази. Неприкосновен лидер е Фени Индустри.

OhridNews