Кошаркарите на АВ Охрид на домашен терен против составот на Струмица ги започнуваат натпреварите од втората полусезона во Првата македонска кошаркарска лига.
„Галебите“ се големи фаворити во дуелот со фенерџијата на табелата и се освен убедлива победа во „Билјанини Извори“ ќе биде изненадување.
Натпреварот се игра во 18 часот, а Ohrid News на својата веб страна ќе го емитува во живо натпреварот од „Билјанини Извори“.
Двојки (12.коло): Блокотехна – Кожув, Шкупи – Пелистер, Гостивар – Фени Индустри, АВ Охрид – Струмица, Работнички – Куманово, Карпош Соколи – МЗТ Скопје.
Табела: Работнички 22, Блокотехна 20, МЗТ Скопје 19, Куманово 18, Гостивар 18, Фени Индустри 17, АВ Охрид 16, Карпош Соколи 16, Кожув 14, Шкупи 13, Пелистер 13, Струмица 12.
OhridNews