Викендов, во македонската кошарка резервиран е за натпреварите во Купот на Македонија. Осум екипи во Спортската сала „26 април“ во Гевгелија ќе се борат за една од двете титули.
Честа да го отворат викендот во знакот на кошаркарата ќе имаат охридските „галеби“ кои ќе се судрат со Блокотехна во првиот четвртфинален натпревар. Мечот започнува во 13 часот, а директен пренос ќе има на линкот подолу.
Во останатите четвртфинални дуелите силите ќе ги одмерат со Работнички – Куманово, МЗТ Скопје – Кожув односно Гостивар – Фени Индустри.
Во сабота на програмата се 1/2 финалните мечеви, а в недела е големото финале.
OhridNews