Кошаркарите на АВ Охрид во третата рунда од Првата лига ги очекува гостување во Кавадарци кај тимот на Фени Индустри кој има три шампионски титули во елитата.

Двобојот со некогашниот првак е мотив повеќе за охридските кошаркари кои токму со гостински триумф против Струмица ја отворија новата сезона.

Најчитаниот интернет портал во регионов Ohrid News повторни ќе емитува пренос во живо кој ќе започне пет минути порано од почеток на мечот (18ч).

 

По два одиграни натпреварите „галебите“ имаа победа и пораз, додека Фени Индустри има негативен скор од два порази и против АВ Охрид ќе ја брка првата победа.

OhridNews