Ракометните клубови Струга и Охрид, денеска, со меѓусебна пресметка во СРЦ „Тими“ со почеток во 19 часот ќе ја најават ракометна пролет во нашата земја. Двете екипи максимално се подготвуваат за популарното „Езерско“ дерби за кое интересет во двата градови е многу голем. Домаќинот на ракометниот спектакл Струга обезбеди пренос во живо, а на лице место ќе биде и Ohrid News, кој е верен пријател на спортот во околината.
OhridNews