Судејќи по приказните, поранешните сопружници Миранда Кер и Орландо Блум веќе пронашле нови партнери. Познатата манекенка наводно е во врска со еден од најбогатите мажи во Австралија, а Орландо е виден како се држи за рака со колешката Лив Тајлер. Актерот и поранешниот ангел на Викторија Сикрет биле во брак три години и имаат син. Парот официјално се развел пред неколку седмици, а претходно биле разделено неколку месеци.

Набрзо по официјалното објавување на разводот, Миранда во повеќе наврати била видена во друштво на леонардо ди Каприо, па започнале да кружат приказни дека се во врска. Недолго потоа како бомба одекнала веста дека е во врска со богатиот сонародник Џејмс Пакер, со која се знае со години, како и дека токму тој бил причина за крајот на бракот со холивудскиот актер. Доколку може да им се верува на гласините, и нејзиниот поранешен сопруг веќе пронашол утеха во ќерката на Стив Тајлер, која е разведена со години. Орландо и Лив се знаат од почетокот на снимањето на триологијата „Господар на прстените“, а неодамна биле видени како се гледаат вљубено и се држат за рака.