Холивудската актерка Лив Тајлер, ќерка на рокерот Стивен Тајлер, во една телевизиска емисија ја шокирала јавноста со изјавата дека сака лезбејки. Водителката Челзи Хендлер разговарала со неа за нејзиниот нов филм “The Ledge”. За време на интервјуто таа изјавила дека ги обожава лезбејките.


Трилерот “The Ledge” зборува за љубовта, сексот и дрогата. Лив во филмот глуми наркоманка и проститутка која по рехабилитацијата почнува да се гледа со еден човек. Меѓутоа, подоцна запознава друг маж, кој е атеист и со кој извршува прељуба, па во својата глава се бори со разни демони.