По разводот со Ројстон Лангдон, Лив Тајлер е во врска со Дејв Гарднер, фудбалски менаџер. Лив и Дејв сега очекуваат бебе, пишува списанието Пипл.

Од бракот со Ројстон го имаат синот Малјо Вилијам (9). По разводот останале во добри односи. Лив Тајлер моментално е во врска со Дејв Гарднер, кој е добар пријател со Дејвид Бекам и поранешно момче на Рита Оре.

– Кога во вашето тело расте човек, друго човечко суштество, навистина се чувствувате посебно и со право спрема себе чувствувате поголема почит, како никогаш дотогаш – ја опишала Лив својата прва бременост во 2008 година.