Охриѓанецот Аце Толески (27) ќе ја зголеми македонската колонија во Литванија. Во зимскиот преоден рок, Толески, од Кичевски Напредок мина во Албанската Беселиџа каде одигра само три натпревари.

Во Литванија заминувам како позајмен играч – изјави за ohridnews Толески. Задоволен сум од договореното и по комплетирањето на докумeнтите заминувам за Литванија.

Сложената процедура за добивање на литванска виза , го врза Аце уште некое време во Охрид.

Во литванскиот шампионат во наредниве шест месеци ќе има тројца македонски фудбалери, и тоа сите ќе ги бранат боите на Ветра. Соиграчи на Аце Толески се  нашите интернационалци Дејан Милошевски и Ѓоко Цветановски, кои подолго   време се дел од овој тим.