Кошаркарската селекција на Литванија со кошаркари од НБА лигата ќе настапи на Евробаскетот што ќе се одржи годинава во Словенија.


Избраниците на селекторот Марин Докузовски до историското четврто место на ЕП пред две години стигнаа со “шок“ триумфот над домаќинот Литванија во 1/4 финалето. Тогаш со фамозната тројка на Владо Илиевски, “црвено жолтата“ армија обезбеди пласман во четири кошаркарски веле сили на стариот континент.

Затоа дуелот на Македонија и Литванија во групната фаза од ЕП ќе привлече најмногу внимание. Во групата освен Македонија и Литванија се наоѓаат Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Летонија.

Селекторот на Литванија, Јонас Казлаускас го објави списокот 15 кошаркари, од кои ќе ги одбере 12-те најдобри да ги браната боите на земјата.

Меѓу нив место имаше за Линас Клеиза и Јонас Валанчунас од Торонто Репторс и Донатас Мотијанус од Хјустон Рокетс.

Во составот покрај овие тројца кошаркари се најдоа : Мантас Калниетис (Локомотив Кјубан), Адас Јускевичиус (Жалгирис), Томас Делининкаитис (Черкаси), Мартинас Почус (Реал Мадрид), Реналдас Сеибутис (Литвос Ритас), Мартинас Гечевичиус (Олимпијакос), Миндаугас Кузминскас (Жалгирис), Паулус Јанкунас (Панатинаикос), Паулус Јанкунас (Жалгирис), Дарјуш Лавриновиќ (Жалгирис), Криштоф Лавриновиќ (Жалгирис), Роберто Јавтокас (Жалгирис).

Мх.П.