По поразот на македонските надежи од Англија со 1-2, следен ривал во Прилеп е Литванија, против која избраниците на селекторот Бобан Бабунски ќе се обидат да стигнат до првите бодови во овој квалификациски циклус за ЕП во Данска во 2011 година  

Според Бабунски, играта од дуелот со Англија треба да ни донесе поквалитетен меч со следниот противник, а похрабрата игра и подобар резултат.

Литванија е следен противник и, според прикажаната игра, треба исто или најмалку поквалитетно да одиграме со нив. Ние мора да го истакнеме нашиот квалитет и да бидеме похрабри. Имаме доволно време до одигрувањето на мечот, доволно време да се рехабилитираме по поразот од Анфлија и мислам дека имаме сили да им се спротивставиме на Литванците. Јас сум задоволен како игравме со Англија и штета што не освоивме бод, затоа што заслуживме. Треба добро да се видат снимките пред да се коментира што било, но сигурно е дека судиите на вакви мечеви ги фаворизираат поголемите – вели Бабунски.

М.П.