Литванија после знамето, химната и грбот, по се изгледа ќе добие и национален парфем. Министерството за надворешни работи на сите амбасади во земјата им поделило шишенца парфем „Литванија“. Во соопштението било наведено дека парфемот е убав пример како да се претстави Литванија на иновативен начин.


Парфемот е мешавина од мириси на сандаловина, мошус и кедер. За да се препознаат литванците во парфемот додале и мириси на дрвото кое се користи во паганските ритуали, како и мирис на мов и полски цвеќа. Шишенца од парфемот „Литванија“ ќе добијат и литванските амвбасади низ светот, хотелите и аеродромите. Наредниот месец во продажба ќе бидат пуштени и свеќи кои ќе мирисаат на „Литванија“.