Селекциите на Литванија и Белорусија ќе се сретнат во финалето од Европското првенство за кошаркарки до 16 години кое се одржува во Охрид и Струга.
Литванките во полуфиналето ја совладаа репрезентацијата на Шведска (81-61) која до сега немаше претрпено пораз на Евробаскетот.
Белоруските кошаркарки за влез во финалето победија против Словенија со убедливи 14 разлика (71-57).
Финалниот натпревар е закажан во 21 и 15 часот, а претходно во 19 часот ќе се сретнат поразените во полуфиналните дуели.
Мх.П.