Кадетската репрезентацијата на Литванија е нов европски шампион во кошарка. Во големото финале, одиграно синоќа во „Борис Трајковски“ во Скопје, Литванија ја победи Шпанија со 77:68.

Мантас Лоренцикас со 26 поени и шест скока беше најдобар играч победничкиот тим.

Литванија по серијата од четири порази во финалните натпревари на Европските шампионати з аиграчи до 16 години и за прв пат по 2008 година, ја освои титулата.

Литванија победник на Европското кадетско кошаркарско првенство во Скопје. Фото: МИА

Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Франција ја совлада Грција со 65:46.

На шампионатот во Скопје учествуваше и македонската репрезентација која го освои 12. место.

За МВП на првенството е прогласен Марио Сеп-Супери од Шпанија. Покрај него во идеалната петорка се најдоа и Нојус Идрусаитис од Литванија, Бен Аврам Сафар (Израел), Неоклис Авдалас (Грција) и Мохамед Диаките од Франција.

OhridNews