Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 27 февруари (петок), во црквата „ Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16.00 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 28 март , сабота, во црквата  „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 1 март, недела, во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка маала, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews