Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16-ти јуни, недела, во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци), ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух–Духовден (Св.Троица)–Педесетница“.

Литургијата ќе почне во 9 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.

На 17-ти јуни, понеделник, Ден на Светиот Дух–Духовден“, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија во катедралниот храм „Св. Софија“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ (едноцрквие).

OhridNews