Од Дебарско кичевската епархија информираат дека утре, 9-ти јануари, по повод празникот Свети Стефан, ќе се одржи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Св.Георги“ во Струга.

Света литургија ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Во 08.30 часот ќе започнат и свети литургии во манастирот „Свети Стефан“ и за Варош, во црквата „Св.врачи Козма и Дамјан“.

Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.

OhridNews