Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека по повод празникот Успение на Пресвета Богородица“ – Голема Богородица денеска (вторник 28 август-8:30ч.) во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид ќе  се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 29 август 2007 година (среда) во 8:30ч. , во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“  на Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот  Свети Јоаким Осоговски,  на која ќе чиноначалствува на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

ohridnews